gallery/tiho 8

А Исус му рече : Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.“ Лука, 18: 19

gallery/original-facebook-logo-hd-wallpaper

Биографија
Тихомир Стојановски

Роден 1963 во Скопје. Таму завршил средно образование и дипломирал на ФДУ- 1988 год. во класата на проф. Љубиша Георгиевски, три години и една година со дипломската претстава кај проф. Слободан Унковски. За време на студиите играл главни улоги во повеќе театари во кумановскиот театар „Пурпурен остров“ на М. Булгагов во реж. на Владе Цветановски и “Бегалка” од В. Иљовски во реж. на Кирил Ќортошев, во Драмски театар “Р” на Ј. Плевнеш во реж. на Љубиша Георгиевски, “Ловечка сказна “ во реж. на Коле Ангеловски, во театарот “Војдан Чернодрински” во Прилеп “Спиро Црне” во реж. на Владе Милчин, во “Ј.Х. Џинот” Велес реж. Златко Славенски, учествува во Театарска работилиница ФФ кај проф. Владе Милчин, игра во независни проекти кај З. Славенски и С.Насев. Со Златко Славенски го игра “Фауст” на “Скопско лето”- 1988 година, го основа и возобновува театарот “Скрб и утеха” каде е активен до денес, како: актер, режисер, драмски автор и уметнички директор. Со театарот „Скрб и утеха“ има културни врски со Македонците во соседните земји. Единствен актер во Р. М. кој ги има играно сам на празна сцена големите шекспирови улоги: Хамлет, Макбет и Ричард Трети...
На ФДУ е примен за асистент 1990 год. во постојан работен однос кај проф. Костадин Дрваров, на предметот “Сценски говор со техника на глас” . Магистрирал и докторирал на ИМЛ ,Скопје.
Сега е Редовен проф. на ФДУ Скопје по предметот „Сценски говор со техника на глас. Професор, педагог, сценарист, автор на драмски текстови, директор на театар „Скрб и утеха“, режисер на документарни филмови учесници на меѓународни фестивали и театарски претстави.
Автор на преку 300 документарни приказни, како режисер и сценарист, учесници на 20 тина меѓународни фестивали, автор на две книги драми „Деноносии 1 и 2“.
Со театарот „Скрб и утеха“ гостувал во: Бугарија, Србија, Грција, Хрватска, Шведска, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Албанија и др. земји.

Основач на фестивалот: „Армакедонските слави“(Дионисови слави), како и потикнувач на Преспанско културно лето кај Македонците во Абанија и театарскиот фестивал во Крива Паланка „ Свети Јоаким Осоговски“...
Автор на 23 тина книги: романи, драми, учебници за говор: „Силата на сценската гласност“, „Патека на светиот збор“, „Скршеното копје на псевдонимот“, „Овоплотен збор“, „ Од обред до театар“, „Овоплотен збор“, „Театарот како елитна и масовна култура“, има  издадени книги сведоштво за Исуса Христа: „Чекорење со Бог“, „Допрен од Бога Исуса“ и „Така вели Господ“
Го истражува обредниот театар во пракса и научно во докторскиот труд „Од обред до театар“.
Воведе метод на пред испитни настапи со студентите во гимназиите во Скопје. Објавува научни трудови во списанија за театар. Се бави со категоријата духовно зборување. Последните години  озвучува делови од Светото писмо, на нашиот Господ Исус Христос...